До денеска се пријавиле 1.224 од спорните гласачи

by fokus

Државната изборна комисија соопшти дека заклучно со денеска, 3.8.2016 година, до 13:00 часот, се пријавиле вкупно 1.224 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список се спорни според извршените вкрстени и теренски проверки, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.

Од нив, 387 граѓани се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК и во дополнителните канцеларии на ДИК, додека 837 граѓани за пријавување ја искористиле веб-апликацијата на интернет-страницата на ДИК.

Најголемиот број од граѓаните кои го потврдиле своето право на глас во ДИК се од Општина Чаир, односно вкупно 255 лица, од Општина Аеродром 90 лица го потврдиле своето право на глас, а од Општина Центар во ДИК се пријавиле 80 лица за да потврдат дека имаат право на глас. Одѕивот во останатите општини е помал.

Поврзани новости