442
Генералниот директор на Турската радио-телевизија, Шенол Ѓока, кој престојува во посета на Македонија, најави дека ТРТ ќе отвори свое претставништво во Скопје.
Ѓока, кој ја посети и Македонската радио-телевизија, истакна дека го радува фактот што времетраењето на програмите на турски јазик ќе биде зголемено.
Тој присуствува во државава по повод ифтарската вечер што ја организира претседателот на Демократската партија на Турците Кенан Хасипи.