Договорот за признавање на дипломите и уверенија за високо образование помеѓу Турција и Македонија е откажан поради неприфаќање на критериумите за признавање и еднаквост според стандардите, и тие ќе се спроведуваат според меѓународните договори, објаснија денеска од амбасадата на Турција.
-Договорот за признавање на уверенија и дипломи од високо, додипломско, постдипломско и докторско ниво, издадени во Република Турција и Република Македонија, потпишан меѓу нашата земја и Македонија на шести јуни 1998 година, е откажан во согласност со барањето на Советот за високо образование , поради несогласност со критериумите за признавање и еквивалентност според важечките стандарди, се вели во соопштението.
Турција пред две недели донесе одлука за раскинување на договорот со Македонија за признавање на македонските дипломи од сите образовни нивоа.