Неготинчанката Андонова дел од ПСЖ: Наташа го освојува светот

by fokus

Неготинчанката Наташа Андонова ќе игра за еден од најпознатите светски женски фудбалски клубови, Пари Сен Жермен.

Таа премина од шведскиот тим Розенгард за кој досега настапуваше и потпиша 6-месечен договор со ПСЖ со можност за продолжување на договорот на уште 2 години.

„Сега официјално го потпишав мојот договор со еден од најголемите клубови во Светот , ветувам дека ќе го дадам најдоброто од мене“ – напиша таа на својот Фејсбук профил пред  два дена, по што следеа голем број на честитки за нејзиниот успех.

Договорот бил потпишан во Париз, а Наташа ќе настапува со бројот 15.

Нејзината сестра Сијче исто така е дел од женскиот фудбал. Кариерите и двете ги започнаа во локални клубови, а потоа ги продолжија надвор од земјава.

Играа за македонската репрезентација, но лани се повлекоа и тргнаа во освојување на Европа.

Тогаш изјавија дека има повеќе причини за повлекување, помеѓу кои финансискиот аспект, начинот на кој што се третирани, дискриминацијата, но и неинвестирањето во женскиот фудбал.

Вики Клинчарова

Поврзани новости