ДС: Со локалните избори и референдум за смена на Иванов

by fokus

Ѓорге Иванов е зрел за импичмент, но таква иницијатива ќе пропадне поради неможноста во Парламентот и Уставниот суд да се обезбеди дво-третинско мнозинство, велат денеска од Демократскиот сојуз.

-Можеби е подобро со локалните избори да се гласа и на референдум за смена на Ѓорге Иванов. Во меѓувреме во текот на денешниот ден или утре, да се избере претседател на Собранието и веднаш по тоа и Влада. Само на тој начин ќе се стави крај на игрите на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Ѓорге Иванов, стои во соопштението на ДС.

Од партијата велат дека аболицијата на 56 носители на високи политички и државни функции, како и на нивните соработници, заштитата на партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ, давањето на мандатот на партијата која нема мнозинство во Парламентот, а по неуспешниот обид да формира Влада, да го условува СДСМ да докажува дека има мнозинство од 61 пратеник се доволни причиниЃорге Иванов да се повлече од функцијата.

Поврзани новости