522
Авиокомпанијата „Туркиш Ерлајнс“ од попладнево ги возобнови своите редовни линии, откако синоќа ги откажа сите летови за време на ободот за воен преврат во Турција, информираа од компанијата.
Поради обидот за воен удар, авиокомпанијата од синоќа откажа 32 лета кон истанбулскиот аеродорм „Ататурк“, додека 35 беа пренасочени кон други аеродроми.
Во исто време, турските поморски власти ја укинаа забраната за сообраќај низ протокот Босфор, која беше воведена од безбедносни прични по обидот за воен преврат.