Потсетник за сите возачи кои патуваат во Грција – сообраќајните правила таму строго се спроведуваат.
Македонска туристка на социјалните мрежи напиша дека е казнета со 350 евра и привремено ѝ е одземена возачката дозвола бидејќи управувала со возилото без врзан безбедносен појас.
Според нејзината објава во Фејсбук групата „Grčka info“, прекршокот бил констатиран во Афитос, на делница долга околу 500 метри.
„Ми ја одзедоа возачката дозвола и ми напишаа казна од 350 евра затоа што не носев појас. Не знам што е најпаметно да направам“, напишала туристката, барајќи совет од останатите членови на групата.
Во коментарите, повеќето корисници ја советувале да ја плати казната, предупредувајќи дека неплатен долг може да предизвика дополнителни проблеми при идните патувања во Грција.
Дел од нив истакнале дека безбедносниот појас е законска обврска, без оглед на тоа дали се вози на кратка или долга релација.