Променливо облачно со сончеви периоди

by irena 08:02
08:02

Променливо облачно време со сончеви периоди ќе преовладува денес. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец којшто ќе услови утринската температура да биде ниска и наместа да се симне до -1 степен, а дневната да се движи од 8 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе достигне до 4 степени, а дневната до 15 степени.

Слични вести