Туристичките работници најавуваат протести и блокади низ целава држава

by Fokus

Туристичкиот сектор, еден од најпогодените од пандемијата со Ковид-19, најавува нови дејствувања и протести ширум државата, со комплетна блокада на патиштата, доколку под итно не се преземат мерки за помош. Бараат најдоцна до 15 август да се промени одлуката за превоз на 50 проценти во автобусите и да продолжи мерката за субвенционирање на платите во овој сектор во кој спаѓаат туристичките агенции, водичите и превозниците.

Нема никаква логика, како што велат, да остане протоколот за патување со автобуси затоа што со почитување на безбедносните мерки може да се организира патување.

– Бараме под итно да се промени одлуката за превоз на 50 проценти на патници во автобусите. Ниту една земја од Балканот, па и светот нема ваков протокол, авионите летаат со комплетен и полн капацитет. Додека сите агенции во светот добија прилика колку толку да закрепнат, помогнати од државата, како нивен столб и помош, кај нас како таа да прави се за намерно да останеме на улица. Нема никаква логика да остане овој протокол кога со почитување на безбедносните мерки, може да се организира патување. Поставуваме ултиматум, најдоцна до 15-ти август да дојде до измена на оваа нелогична одлука за превозот со автобуси и да се продолжи мерката за субвенционирање на платите на нашиот сектор во кој спаѓаат туристичките агенции, водичите и превозниците, стои во соопштението од секторт туризам.

Поврзани новости