Туристичките работници на протестен марш

by Frosina Fakova

Туристичките работници попладнево излегоа на протестен марш кој заврши пред Влада каде ги упатија своите барања за помош од државата откако пандемијата економски го „погоди“ овој сектор.

Тие се жалат дека пет месеци се речиси без работа, а без помош најоглем дел од нив ќе бидат приморани да ги затворат агенции и да отпуштаат вработени.

Поради пандемијата со корона вирус поголем дел од границите кон другите земји се затворени, па летната сезона пропадна бидејќи граѓаните ретко се одлучуваат да патуваат во странство.

 

Поврзани новости