Граѓаните за Бајрам да не купуваат месо од диви пазари, туку од одобрени месарници

by Frosina Fakova

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во пресрет на Курбан Бајрам апелира до граѓаните да не купуваат добиток од дивите пазари, туку месо за празникот да набават од одобрените месарници.

АХВ потсетува дека движењето на животните треба да се врши исклучиво со поседување сертификат за здравствената состојба на секоја единка, а колењето само во одобрени кланици од страна на Агенцијата.

Традиционалната продажба на овните кои се принесуваат за курбан, почна, но, сточарите се генерално разочарани од слабиот интерес кај верниците да купат. Причината за ваквата ситуација ја лоцираат во КОВИД пандемијата која ги спречи печалбарите да дојдат дома и да го прослават Бајрам тука. Дополнително, за намалениот интерес, според нив, придонесуваат и информаците дека во некои делови од државата има „син јазик“, а влијание има и определбата на некои од верниците парите за курбан да ги донираат во муфтиствата.

Цената за грло овен засега се движи од 70 до 120 евра, зависно од тежината.

Првиот ден од Курбан Бајрам е во петок, на 31 јули. Тогаш се коле и курбанот по што месото се распределува на сиромашни семејства.

Празникот се слави четири дена

Поврзани новости