516
Двајца странски државјани од Австралија и Сингапур се подложни на тестови во Инфективната клиника во Скопје.
Ова денеска го соопшти министерот за здравство, Венко Филипче и додаде дека тие ќе останат во карантин во хотелската соба во која престојувале и информирале дека имаат симптоми слични на грип.
Како што истакна Филипче, тие дошле со авион на „Визер“ од Келн Во Скопје, а резултатите ќе се знаат за четири часа.