Тупанчевски за Фокус: На свој трошок бев во Палермо!

Министерот за правда, заедно со вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи и претседателот на Основниот суд Кавадарци Лазар Нанев вчера беа во ложата на стадионот „Ренцо Барбера“.

by fokus

Министерот за правда, Никола Тупанчевски, во изјава за Фокус истакна дека на свој трошок бил во Италија.

Тој беше прозван во јавноста, откако беше забележан како заедно со вишата јавна обвинителка, Фатиме Фетаи, и претседателот на Основниот суд Кавадарци, Лазар Нанев, вчера беа во ложата на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо.

Денес реагираа и од Антикорупциската комисија, од каде порачаа министерот, обвинителката и судијата да си кажат кој им ги подмирил трошоците за патувањето.

-Секако дека на свој тошок бев во Италија, ни изјави министерот, веднаш штом слета во Скопје.

Тие го проследија натпреварот каде Македонија ја победи Италија во полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство во фудбал со минимален резултат 1-0.

Валентина Вурмо

Поврзани новости