Тупанчевски и Фетаи да кажат кој им го плати патот до Италија, бара ДКСК

by Фокус

Министерот за правда Никола Тупанчевски, вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи и претседателот на Основниот суд Кавадарци, Лазар Нанев вчера беа во ложата на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо.

Тие го проследија натпреварот каде Македонија ја победи Италија во полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство во фудбал со минимален резултат 1-0.

Но, денес реагираа од Антикорупциската комисија, од каде порачаа министерот, обвинителката и судијата да си кажат кој им ги подмирил трошоците за патувањето.

„Доколку службените лица не патувале во рамки на своите службени должности, сами нека си објават кој им ги подмирил трошоците за патување“, велат од таму.

Доколку се работи за подарок, според Комисијата, функционерите ги прекршиле етичките кодекси на владата, обвинителите и судиите.

Поврзани новости