Тунтев: Ја повикувам опозицијата да се обединиме, секогаш кога сме биле разединети губела Македонија

by fokus

Искрен да бидам знам дека одлуката не е лесна. Знам дека на сите ни претставува серизно и на моменти болно прашање. Но ЕУ и НАТО се единствената алтернативна, друга можност немаме, порача координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието, Томислав Тунтев, во име на 69 пратеници кои се потпишаа на иницијативата за распишување на референдум за промена на името.

-Сега одговорноста е кај пратениците, а на денот на референдумот ќе биде одговороста кај граѓаните да одлучат каде ја гледа нашата држава: постојано под безбедносни закани, нестабилна, без владеење на правото, заробена во корупција, постојано во меѓуетнички конфликти, или рамноправен партнер со европските држави. Пред нас ја имаме шансата да изградиме европска иднина за нашите деца – рече Тунтев.

Тој ја повика опозицијата на обединување за заедно, како што рече, „да дадеме придонес во овој мозаик“.

-На Договорот да гледаме како на договор за македонската иднина. Никој немаше да потпише ваков договор доколку тоа не беше услов за НАТО и ЕУ. Со договорот е заштитено богатото културно наследство кое ја прави македонската нација славна. Договорот е историски најдобра и најфер шанса, договорот е влог во македонската иднина. Ве повикувам без оглед на етничка и партиска определба да се обидиниме сите. Историјата покажала секогаш кога сме биле разединети губела Македонија и губел македонскиот народ. Сите Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Бугари, Хрвати, Срби… сите оние кои се државјани на Република Македонија и кои ја чувствуваат како своја да се определиме за европска иднина – порача тој.

 

 

Поврзани новости