Мицевски: Тоа што референдумот е консултативен значи дека резултатот ќе го толкувате како сакате

by fokus

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, на денешната собраниска седница порача дека опозицијата има поднесено два амандмани за предлог одлуката за распишување на референдум. Тој го повтори ставот на партијата дека предложеното референдумско прашање не е прецизно и дека ги наведува и манипулира граѓаните.

Според него, тоа што референдумот е консултативен отвора можност власта да го толкува резултатот како сака.

-Ова за вас е само форма и остава можност резултатот да го толкувате како сакате, иако според законот оваа одлука треба да биде задолжителна. Дали ако нема цензус, а повеќето граѓани гласаат „за“, тоа може да се толкува како одобрување и институциите да продолжат со реализација на овој договор? Мое мислење е дека тоа е целта – рече Мицевски.

Според него вака поставеното прашање ќе бара три ливчиња, бидејќи според закон секое прашање треба да стои на посебно ливче.

-Ги наведувате граѓаните, она што не го сакаат Договорот со грција, го поистоветите со влез во ЕУ и НАТО што е сон на секој граѓанин. Брутално ја кршите демократската практика – порача тој.

Поврзани новости