Тунискиот министер за здравство поднесе оставка по смртта на 11 бебиња

by Fokus

Тунискиот министер за здравство, Абдерауф Шериф, поднесе оставка откако единаесет новороденчиња починале од септички шок во родилиштето во главниот град Тунис.

Сите бебиња починале меѓу 7-ми и 8-ми март од последици од септички шок во туниското родилиште „Рабта“, објавија локалните медиуми.

Премиерот Јусеф Шехад изјави дека е отворена истрага против јавната болница „Рабта“, против фармацевтските тела и за хигиенските услови во болницата. Министерот за здравство, Абдерауф Шериф, оставката ја поднесува само четири месеци откако стапи на должноста.

 

Поврзани новости