Дваесет и деветгодишна жена била силувана од бившиот сопруг

by Fokus

Дваесет и деветгодишна жена од Кавадарци била силувана од бившиот сопруг, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 09,00 часот во Полициската станица Кавадарци, 29-годишна жена од Кавадарци пријавила дека истиот ден околу 05 часот кога се враќала во својот дом ја пресретнал нејзиниот поранешен сопруг (32 години) од Кавадарци кој извршил обљуба врз неа.

Сторителот е приведен во полициска станица и известен е јавен обвинител од ОЈО-Велес. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости