Туфегџиќ изјави дека на 27 април, во Собранието имало терористички елементи кои апсолутно треба да се казнат од секоја институција за тоа да биде пример во иднина да не се повторат такви настани.
– Обвинителството да ги преземе сите мерки за казнување на напаѓачите, кои „имаа намера да убијат неколку пратеници. Ги препознав напаѓачите кои што беа насилни и во процесот на избор на претседател на Студентскиот парламент – истакна Туфегџиќ.
Тунтев рече дека иако не бил повреден, преживеал „длабока траума која што долго време ќе му остане во сеќавање“.
Тој не верува дека ова Јавно обвинителство ќе ги уважи нивните сведочења, и се надева дека новиот состав на Јавното обвинителство ќе го преземе предметот за случувањата на 27 април во Собранието и ќе дејствува во согласност со законите.