Во периодот од 19.3.2020 година до 30.4.2020 година ТТК Банка АД Скопје овозможува целосно бесплатно електронско E-bank и мобилно M-bank банкарство за физички лица.
Банката нема да наплатува провизија за сите денарски трансакции направени од физички лица преку електронското и мобилното банкарство кон другите банки. Извршувањето на интерните електронски трансакции, добивањето кориснички пристап и користењето на електронско и мобилно банкaрство како и досега остануваат бесплатни.
Препорачуваме да ја искористите можноста да ги извршувате сите банкарски трансакции бесплатно преку мобилен телефон или компјутер со интернет пристап.
Сите потребни информации за електронско и мобилно банкарство се достапни на веб страната www.ttk.com.mk.
Во услови на ширење на вирусната инфекција ковид-19 изберете брзо, едноставно, безбедно, 24/7, бесплатно користење на банкарски производи и услуги од Вашиот дом, и заштитете го своето здравје и здравјето на другите!