Одбиени сме од административни глувци, остатоци од режимот, кои сѐ уште уживаат во привилегиите и моќта, оставени да одлучуваат за Вашите животи, од страна на Министерот Драган Тевдовски, напиша Ване Цветанов од здружението „Зелена лупа“ на својот ФБ профил.
-Не не болеше кога не тепаа Грујо и неговата банда. Бевме на чисто, а и самите го избравме патот. Зелена лупа ги издржува и сите подмолно- кукавички удари од НВО мафијата и чекори храбро. Но боли…боли, доживеаната неправда од Министерство за финансии, кое што е дел од Владата за која ризикувавме се, па и животи. Зелена лупа е одбиена од Министерство за финансии, за проект поврзан со пробацијата. Драги соборци кои се уште гниете по затворите, жалам и за овој пораз. Ова е девето одбивање на Зелена лупа…“-пишува Цветанов