763
Министерот за култура, Асаф Адеми, можно е да ја напушти функцијата, а како причина се споменува неговата здравствена состојба, објави „Телма“. Според извори на телевизијата министерот веќе втора седмица користи боледување и не доаѓа на работа.
Неофицијално, три имиња сега се вртат во круговите на владеачката СДСМ: Аднан Џаферовски, Цветанка Ласкова и Едмонд Адеми. Се очекува новиот министер за култура да биде познат по завршување на претседателските избори.