Поповска: Ако Пендаровски води по првиот круг, можно е ВМРО-ДПМНЕ да го бојкотира вториот

by fokus

Поранешната претседателка на партијата ДОМ, Лилјана Поповска, вели дека постои опасност опозицијата да го бојкотира вториот круг од претседателските избори. Според неа тоа може да се случи доколку кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, освои драстично помалку гласови од кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски.

-Ме плаши како ќе реагира опозицијата, може да се случи со свесни провокации при послаб резултат од очекуваниот да излезе со тврдење дека изборите биле наместени, дека не ги признаваат. Во тој случај предвидувам за можен бојкот во втор круг ако биде голема разликата по првиот круг во полза на кандидатот Пендаровски. Се плашам опозицијата да не ја направи таа грешка. Тоа би била огромна грешка за Македонија и за самата опозиција. Ќе влеземе во вакум простор и ќе си наштетиме – рече Поповска во дебатата на „Само вистина“.

Поврзани новости