Цветанка Иванова е фаворит за нов генерален секретар на собранието

by Фокус

Цветанка Иванова, поранешна пратеничка од редовите на СДСМ, која извесен период ја вршеше и должноста кооринатор на пратеничката група, е главен кандидат за генерален секретар на собранието, дознава Фокус од собраниски извори.

Според Деловникот за работа на собранието, генералниот секретар го именува парламентот по предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, која беше формирана пред крвавото насилство во парламентот на 27 април, кога Талат Џафери беше избран за нов спикер на парламентот.

Иванова ниту ја потврдува ниту ја демантира информацијата дека ќе биде генерален секретар на местото на Жарко Денковски, кој ја вршеше оваа функција додека претседател на Законодавниот дом беше Трајко Велјаноски.

Како што пропишува Деловникот, генералниот секретар му помага на претседателот на Собранието во подготовките и организирањето на седниците на Собранието, ја организира и усогласува работата на Службата на Собранието…

В.С.

Поврзани новости