Давиткова, Петковска и Башевски се судиите кои не дозволија да се замрзне седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus 11:36
11:36

Кривичниот совет составен од судиите Горан Бошевски, Ленка Давиткова и Верка Петковска, одлучи партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ да не се замрзне, односно го одбија барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), а кое беше поднесено во врска со истрагата за случајот „Талир“.

Непознато е дали сите тројца судии биле против или двајца ја донеле одлуката. Едниот од нив, Бошевски, е со подолг судиски стаж, односно бил избран во 1996 година, додека Давиткова и Петковска се со поскромно искуство, односно Петковска била избрана во 2011 година, а Давиткова во 2013 година.

- Advertisements -

Давиткова е судијката која на три години затвор го осуди поранешниот човек на ДБК, Зоран Верушевски, за поседување на пиштол, кој во 1982 година го добил од МВР како службено оружје. Според судијката гревот му бил во тоа што не го вратил оружјето по пензионирањето, а Верушевски се бранешет дека МВР никогаш не му го побарало назад, како што пропишува процедурата. Оваа судијка беше дел и од кривичните совети кои одбија неколку барања на СЈО за претрес во домовите на осомничени функционери.

Петковска пак суди во случајот „Диви насеље“, а беше и една од судиите кои одлучија Едмонд Темелко, градоначалникот на Пустец, да се брани од слобода, одбивајќи го барањето за притвор на СЈО.

В.В.

Поврзани новости