Пред изборите техничката влада потрошила 219.000 евра за подобрување на угледот на Македонија

by fokus

Еден месец пред оддржувањето на предвремените парламентарни избори, владата, тогаш предводена од техничкиот министер Емил Димитриев, склучила два тендери од 219.000 евра, за подобрување на имиџот на Македонија. Поточно, во двата договора пишува дека се склучени за „набавка на услуги за менаџирање на угледот и имиџот на Република Македонија пред општествената, политичката, економската и медиумската јавност во светот.

Договорите, Генералниот секретаријат на Владата ги склучил 21 ноември 2016 година, а дури во петокот, на 26 мај, беа објавени на сајтот на Бирото за јавни набавки. Победник на едниот тендер е англиската фирма Mercury International UK Limited, а вториот завршил во рацете на германската компанија FleishmanHillard Germany GmbH.

Склучените договори се однесувале за период од три месеци, односно овие компании да февруари требало Македонија да ја претстават во најдобро светло пред светската јавноста.

Валентина Вурмо

Поврзани новости