ЦУК: Истекол хлор во филтер станица во Виница, нема повредени

by Fokus

Пожарникарите од Виница вчера интервенирале во филтер станица во градот, каде од испукана боца истекол хлор, гас кој е отровен и може да предизвика сериозни последици, информираат од Центарот за управување со кризи.

Во инцидентот нема повредени лица, а како што велат од ЦУК, опасноста била отстранета.

„Регионалниот центар за управување со кризи Штип, информира дека пожарникарите на Територијалната противпожарна едница Виница вчера од 8 до 11 часот имале техничка интервенција на испукана боца со хлор од 50 килограми во филтер станица“ соопшти ЦУК.

Како што додаваат, било интревенирано со две возила, четири пожарникари и четири други лица. Во настанот нема повредени, но на вработените во филтер станицата, им бил даден кислород поради опасност од вдишување на отровниот гас.

Поврзани новости