Црна Гора денеска во Брисел го отвори поглавјето 27 од преговорите со ЕУ, посветено на животната средина и климатските промени, со што на Подгорица и останува само уште едно неотворено поглавје.
– Ова поглавје 27 е од најголема важност за сегашните и идните генерации и е поврзано за здравјето и квалитетот на живот, како и сo развојот на туризмот и на зелената економија во Црна Гора, изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан,
Европската Унија оценува дека Подгорица направила доволен напредок во областа на животната средина и дека има доволен административен капацитет да се справи со преговори во оваа област,
Преговорите ќе им овозможат на Црногорците да ги насочат своите напори во овој сектор кон добар правец. Европската Унија смета дека отпадот и водата се две области каде се потребни напори од страна на преговарачката земја, посочи Хан и побара да се негуваат природните богатства.
Црногроскиот министер за надворешни работи, Срѓан Дармановиќ потести дека Уставот на Црна Гора ја дефинира земјата како „еколошка“.
– Поглавјето 27 е едно од најтешките и е поврзано со секојдневниот живот на нашите граѓани, рече Дармановиќ, потсетувајќи дека неговата земја уште во 1999 одлучила да ги применува „највисоките стандарди во животната средина“.
Со денешното отворање на поглавјето 27, Подгорица има сега отворено 32 од вкупно 33 поглавја, а привремено има затворено три.
– Отворањето на ова поглавје значи дека значаен дел од работата е завршена и ја покажува нашата силна заложба кон овој процес, изјави црногорскиот министер.
Австриската министерка за надворешни работи Карин Кнајсл ја пофали Црна Гора како лидер во регионот.