Кривична пријава и притвор за две лица од Скопје за трговија со мигранти

by fokus

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против лицата А.А. (28) и Љ.Ш. (41), двајцата од Скопје, како и против непознато лице од Р.Грција поради основано сомнение дека сториле кривични дела “организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ и  “криумчарење на мигранти“, согласно Кривичниот законик на РМ.

Како што соопшти МВР, пријавените, заедно со лицата А.Н. и Л.С., кои претходно беа опфатени со кривична пријава поднесена од страна на РЦ за ГР Југ, заради стекнување на противправна имотна корист, организирале криминална група, со цел вршење на кривични дела криумчарење на групи илегални мигранти од територијата на Грција на територија на Република Македонија.

-По ова, илегалните мигранти биле прифаќани од страна на членовите на криминалната група предводена од пријавените, ги превезувале кон Кумановско-липковскиот регион, каде времено се засолнувале, а потоа илегалните мигранти се криумчареле кон Р. Србија, наведуваат од МВР.

Од страна на Судија на претходна постапка на А.А. и Љ.Ш им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.

Поврзани новости