Слаб снег и магла на Попова Шапка, намалена видливост на Стража и Маврово

by fokus

Слаб снег врне на Попова Шапка, а намалена видливост до 50 метри поради магла има во Маврово,П.Шапка и на планинскиот превој Стража.

Од Македонија пат соопштија дека дека сообраќајот на  државните патишта се одвива тековно по влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. Информираат дека нивни дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни

Поврзани новости