Црна Гора: Груевски во неделата ја напушти Црна Гора, нашата полиција целосно ги испочитува законите

by fokus

Министерството за внатрешни работи на Црна Гора потврди дека Никола Груевски влегол во Црна Гора на 11 ноември и истиот ден ја напуштил земјата.

-Поради интересот на медиумите за поранешниот премиер на Македонија Никола Груевски, а во интерес на вистинито информирање, соопштуваме дека Никола Груевски влезе во Црна Гора на наведениот датум 11 ноември и истиот ден ја напушти земјата. Црногорската полиција во овој случај во целост ги испочитува законските процедури, пишува во соопштението.

Полицијата не соопштува повеќе детали како Груевски влегол во земјата и од кој граничен премин заминал.

Поврзани новости