Пешевски: Кога се затвори А1, системот на ВМРО-ДПМНЕ избега од нормала

by fokus

Поранешниот вицепремиер од владата на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Пешевски оцени дека точка на прекршување и тргнување во погрешен правец на владата на Груевски било затворањето на телевизија А1.

-Секогаш кога ќе дојдете од надвор и ако некои луѓе во доживуваат како конкуренција, предизвикувате вознемиреност. Тоа беа моите битки кои јас ги водев како знаев и умеев. Има еден момент на прекршување, со акцијата за затворање на А1 телевизија. Во случајот на ВМРО-ДПМНЕ и првите години на владеење, А1 беше силен корективен механизам. Кога тој механизам го снема, системот бега од нормала и станува нестабилен. Мислам дека тоа му се случи на ВМРО-ДПМНЕ. Една од причините зошто не бев омилен меѓу членовите на владата е дека искажував различно мислење. Во една прилика му кажав на Груевски дека имам впечаток дека дел од членовите се плашат да му кажат што мислат. Зашто се случуваше на седници кога Груевски не е тука, членовите да зборат едно, а кога е тука да се однесуваат поинаку. Ми одговори ти често ми контрираш, ти се случило нешто лошо тебе? Но, како што изминуваше времето човек почнува постепено да не го кажува своето мислење. Се случувале и добри работи, но се случуваа и работи кои не требаа да се случуваат. И одговорноста, политичка и друга, мора да се понесе, заклучи Пешевски.

Поврзани новости