Спасовски е негативен на Ковид 19, но оди во самоизолација

by Fokus

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, објави дека резултатите од тестот за коронавирус се негативни.

„Само што ги добив резултатите од денешниот Ковид-19 тест. Тестот е негативен и немам никакви симптоми, а додека не ги добијам официјалните препораки од епидемиолозите ќе останам во домашна изолација.

На сите кои се соочуваат со вирусот им посакувам брзо оздравување и уште еднаш силно апелирам сите да ги почитуваме мерките, за да му овозможиме на здравствениот систем да ја одржи контролата врз кластерите каде се појавуваат нови случаи на заболени“, објави Спасовски на „Фејсбук“.

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција ги наброи функционерите од СДСМ, кои веќе имале контакти со потпретседателот Мухамед Зекири и кои одат во самоизолација.

Покрај Зекири, позитивна на Ковид 19 е и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, а во самоизолација се вицепремиерката Мила Царовска, Марјан Забрчанец и министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски.

Поврзани новости