Наместо сами, соседите ги пријавуваат болните, вели Филипче

by Fokus

Што се однесува до кластерите, околу 70% од сите нови случаи во Скопје се од веќе познати кластери, најголем дел од Чаир и Сарај каде интензивно се работи деновиве, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

„Во Чаир ситуацијата е спласната и денес има само 2 нови случаи од оваа општина. Сега тимовите работат интензивно во Сарај, како и во Студеничани, од каде денес се анкетираат луѓето – вели првиот човек во здравството.

Еден од главните проблеми е слабата соработка со дел од граѓаните и одбивањето да се пријават во болница дури и кога имаат симптоми, а тоа го прават нивните соседи.

Поврзани новости