Цивил: Во ист објект сместени и избирачко место и партиски штаб!

by fokus

Во ист објект со посебни влезови во село Црешево, општина Гази Баба, се наоѓаат избирачкото место 2549 и штабот на една политичка партија, алармираат од Цивил.

Од невладината организација истакнуваат дека, гласачите пред да влезат на гласање, партиски активисти гласно ги повикувале прво да влезат во партискиот штаб, а потоа да го остварат правото на глас.

-Пред избирачкото место и пред штабот, покрај партиските активисти има и полиција која не реагира и ништо не презема, велат од Цивил.

Поврзани новости