Изборни нерегуларности пријавени и во Јавното обвинителство

by fokus 15:14
15:14

Од Основното јавно обвинителство информираат дека и на нивна адреса пристигнале неколку пријави за изборни нерегуларности.

-До овој момент, во Основните јавни обвинителства има неколку пријави за изборни нерегуларности, за кои надлежните Основни јавни обвинителства преземаат дејствија во насока на утврдување на фактите за постоење на елементи на сторени кривични дела предвидени во  Глава 16 од Кривичниот законик – Кривични дела против изборите и гласањето.

- Advertising -

Комисијата за следење на изборни нерегуларности продолжува да ја координира работата на јавните обвинителства во врска со откривање и гонење на сторители на кривични дела поврзани со изборите, за што во континуитет јавноста ќе биде известувана, велат од Обвинителството.

Поврзани новости