Центарот за слобода- ЦИВИЛ ги осуди опструкциите врз работата на Специјалното јавно обвинителство од страна на Управата за безбедност и контраразузнавање.
-Однесувањето на УБК е непримерно и ќе остане запаметено како уште една мрачна епизода од тешкиот процес за враќање на владеењето на правото во Република Македонија. СЈО ја има целосната, безрезервна и непоколеблива поддршка од ЦИВИЛ – Центар за слобода и ја заслужува големата од граѓанките и граѓаните на оваа земја. – стои во соопштенито.
Од таму потенцираат дека од денот кога почна со работа СЈО се соочува со притисоци и постојани опструкции.
-Од самиот почеток СЈО се соочи со жестоки опструкции, со обиди да се дискредитира, со блокади од страна на политички корумпираното судство, со отфрлање на барањата за притвор или мерки на претпазливост за лица осомничени за сериозни кривични дела. Опструкциите и насилништвото на системот се рефлектира токму преку однесувањето на УБК овие денови.
Наспроти сите предизвици, храбриот тим на Специјалната обвинителка Јанева манифестира досега невидена посветеност, истрајност и професионализам и ја продолжува битката за правдата. – велат од ЦИВИЛ.