Иако се уште нема официјални информации колку повредени има во денешните протести за случајот „Монструм“, сепак набљудувачите на Цивил известија дека меѓу демонстрантите и полицијата има и неколкумина повредени. Според нив, неколку амбулантни возила тешко се пробивале низ сообраќајниот метеж, за да стигнат до повредените.
Од Цивил информираа дека мал дел од луѓето кои протестирале имале маици преку главите и барале оставка од Јанкулоска, додека дел извикувале „Алах е голем“ и „УЧК, УЧК“.
Според набљудувачите, меѓу демонстрантите имало повредени, а полицијата дел од нив ги потиснала до мостот кај поликлиниката на Бит Пазар. Повлекуваjќи се, демонстрантите ја блокирале улицата кај надвозникот превртувајќи контејнери. На шок бомбите се возвраќало со камења.
Денешните протести на албанците се поради нивното незадоволство од изречените доживотни казни на шестмината обвинети во случајот „Монструм“.