422
ЦИВИЛ денеска во 12 часот организира средба со граѓани и ќе одржи прес конференција пред Собранието на РМ. во нивниот повик се наведува дека на средбата, ЦИВИЛ ќе го сподели со јавноста ставот дека слободни избори не се можни на 5 јуни и дека владата треба да поднесе оставка поради неуспехот да го спроведе Договорот за надминување на политичката криза, потпишан во Пржино (2 јуни/15 јули 2015.), а со тоа оневозможи и создавање услови за одржување слободни избори во Република Македонија.
„Со фантоми – НЕ! Со уцени – НЕ! Со насилство – НЕ! Со наши пари – НЕ! Со корупција – НЕ! Со лаги – НЕ!“, велат од ЦИВИЛ.