Јанкуловска и другите од „Тврдина“ на распит пред судија на претходна постапка

by Фокус

Во моментов пред судија на претходна постапка исказ даваат осомничените во досието „Тврдина“. Распитот е започнат, но според информации на Фокус сите осомничени се појавиле и чекаат во ходникот. За утринава беше закажан распит околу времените мерки кои ги предлага Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во однос на еден началник во УБК, на ексминистерката Јанкуловска, и на уште двајца врботени во МВР.

Предлозите се однесуваат на одземање на патната исправа за Јанкуловска, до отстранување од работните места за оние кои се уште извршуваат одговорни задачи во МВР. Како ќе одлучи судијата ќе се знае во текот на денот откако сите четворица ќе се изјаснат за предлог мерките за претпазливост. Претходно, на првоосомничениот Горан Грујевски судијата му одреди притвор, но Кривичниот совет на судот одлучи дека доволна е мерката куќен притвор.

Пред неколку седмици Јанкуловска беше пред судија на претходна постапка кога СЈО бараше притвор за неа, за Јанакиевски, Божиновски, Темелко и други осомничени во досието „Титаник“ за изборни нерегуларности. Но мерката не и беше определена.

Поврзани новости