Граѓани кои се пријавиле во ДИК и кои пред затворање на Избирачкиот список биле заведени како гласачи, сега се избришани од списокот.
Центарот за слобода ЦИВИЛ регистрира голем број на граѓани од кои добиле пријави дека иако се пријавиле за гласање, нивните имиња „исчезнале” од избирачкиот список.
ЦИВИЛ категорично бара од Државната изборна комисија веднаш да ја расчисти оваа ситуација.
– Апелираме ДИК да ги испрати своите службеници на терен и адекватно да им одговори на сите „исчезнати“ од Избирачкиот список, за причините на развојот на настаните. Избирачкиот список, особено по неговото заклучување, не смее да стане алатка за манипулација со изборниот резултат! – предупредуваат од ЦИВИЛ.
Инаку, на овој линк брзо и лесно можете да проверите дали ве има на Избирачкиот список .