„У..ПМ 10! ”- Протест против загаденоста на воздухот

by fokus 20:45
20:45

Стотици скопјани денеска излегоа на протест против енормното загадување на воздухот во земјава, каде канцерогените ПМ честички секојдевно ги надминуваат дозволените граници.

Со транспаренти „Белите дробови ни се црни”, „Кога ќе пораснам сакам да дишам чист воздух” и „У..ПМ 10!”, демонстрантите излегоа на протест во градскиот парк и побараа итно решавање на проблемот со загадениот воздух.

- Advertisements -

Граѓанските активисти велат дека мерките на надлежните не можат да помогнат доколку чистиот воздух не стане приоритет при креирање на јавниот буџет. На политичките партии им порачаа дека приоритет во нивните изборни кампањи треба да биде решавање на проблемот со воздухот.

Протестот против загадувањето на воздухот во Скопје заврши со фрлање црни балони пред бараките на администрацијата на Град Скопје на градоначалникот Коце Трајановски.

Демонстрантите тука ги закачија и паролите, замолувајќи ги полицајците да на ги тргаат, бидејќи како што им порачаа, и тие го дишат истиот воздух.

Фото:СДК.мк

Поврзани новости