Цивил: Ги нема сите граѓани во избирачкиот список

by Фокус

Граѓани не може да се најдат на избирачки список и тие се откажуваат од референдумот, пренесе Џабир Дерала од „Цивил“. Според нивните набљудувачи на улица „Мирослав Крлежа“ 52 е адреса на кој се водат пет гласачи, а таму објектот е во изградба.

На галсачките места 2844  и 2847 во Песталоци наводно има посебен список со гласачи кои се на престој во странство.

Едно лице, според „Цивил“ наводно активист на ВМРО, нападнал член на избирачки одбор и набљудувачи.

Цивил одново предупреди дека има расипани лифтови низ станбените згради, а граѓаните постајано се јавувале да алармираат за притисоци.

Поврзани новости