473
Верувам дека имаме поминато голем дел од патот, но има уште пат да се помине, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас на прес конференцијата во Софија и додаде дека се уште не сме во позиција да говориме за договор.
„Ги разгледуваме чекор по чекор сите детали. Не сме, се уште не сме во позиција да говориме за договор. Ќе постојат и следни чекори. Заедничка цел е да имаме резултат пред Самитот на крајот од јуни и неколку дена пред самитот на европските министри за надворешни работи “, рече Ципрас на прес конференција во Софија, а пренесе Катимерини.