Откако Грција не успеа да ја плати ратата од долгот кон ММФ и не беше постигнат договор за продолжување на програмата за финансиска помош., грчкиот премиер Ципрас попладнево во телевизиско обраќање до нацијата рече дека е разочаран од Европа, која не им давала доволно време да ги реализираат реформите.
-Ние сега сме соочени со катастрофа. Оттука, решивме референдумот да се одржи и ќе видиме по резултатите во недела, изјави грчкиот премиер.
На референдумот ќе биде поставено прашањето дали Грците се за мерките на штедење кои се предуслов за натамошна финансиска помош. Ципрас ги повика граѓаните да гласаат против.
-Мораме да донесеме цврсти одлуки за да дојдеме до договор. Жал ми е поради сите овие проблеми, но сакам да направам овие проблеми да не траат долго, рече Ципрас.