Заев демантира дека прифатил повлекување на Груевски во јануари

by Фокус

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната пресконференција ги демантираше наводите дека на преговорите со ВМРО-ДПМНЕ се разговарало за предлог Груевски да се повлече од премиерската функција во јануари, три месеци пред предвремените избори, а во транзицискиот период во министерствата да се постават министри-супервизори, предложени од опозицијата.

-Предлози има и од наша страна, и од владејачката партија, и од меѓународната заедница. Ние сме децидни во нашите ставови, нема отстапки од црвените линии. Конечна цел е споделена одговорност, опозицијата да биде гарант заедно со власта за регуларност на изборите и само на тој начин да дојде до нормализација на институците и враќање на корективите, рече Заев.

Тој додаде дека било договорено до крајот на оваа седмица да завршат сите разговори и обиди за преговори и да се стигне до договор. Штом ќе има резултат од тие преговори, тие ќе биле објавени во јавноста.

Поврзани новости