Ципрас: Постигнавме договор за македонското прашање , зачувувајќи ја нашата историја

by fokus

Во македонското прашање, со многу големи напори успеавме да стигнеме до историски договор според националната линија и зачувувајќи го националниот интерес, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас, говорејќи за „Грција во новата ера“, што воедно беше и темата на неговото обраќање, на денешниот состанок на централниот комитет на СИРИЗА.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ципрас зборуваше за постигнатите успеси на партијата во изминатите три и пол години колку што е на власт, се осврна и на надворешната политика, а упати и остри критики до опозициската Нива демократија, без директно да ја спомене.

– Во македонското прашање со многу големи напори успеавме да стигнеме до историски договор задржувајќи ја над едно децениската национална линија, зачувувајќи го националниот интерес и нашата историја. И во ова големо прашање, некои останаа со подотворени усти, откако едно 20ина пати променија позиција. Понеделник, среда, петок сложено име и линија од владата на Караманлис. Вторник, четврток, сабота националистички делириум и аргументи од Златна зора, рече грчкиот премиер пред членовите на Централниот комитет на СИРИЗА, упатувајќи критики до најголемата опозициска партија.

Ципрас oјасни дека во изминатите години инвестирале во активна, повеќе димензионална надворешна политика, „со отворени канали, но и со целосен приоритет во обезбедувањето на суверените права“.

Поврзани новости