Ципрас: Посакувам мојот пријател Заев да го добие референдумот

by fokus

Грчкиот премиер Алексис Ципрас од меѓународниот саем во Солун, ден по насилните протести, изрази надеж дека референдумот во земјава ќе успее, но и убедување дека договорот ќе биде успешно ратификуван во грчкиот парламент.

– На 30 септември има референдум во Скопје. Посакувам и се надевам дека мојот пријател Зоран Заев да го добие. Потоа имаме тежок процес, процесот на уставни промени, кој што ќе се финализира кон средината на јануари, тоа е процес што е тежок бидејќи бара две третини од собранието, а потоа секако го имаме процесот со протоколот за интеграција, бирократските процеси во НАТО.

Ципрас пред новинарите ја отфрли и можноста за распишување на референдум во соседна Грција, за договорот од Преспа.

-Ќе беше историска разврска без преседан, една земја да одржи референдум за тоа како ќе се вика соседната земја, за тоа како соседната земја ќе го смени Уставот, за тоа како соседната земја ќе го финализира она што е договорено.

Поврзани новости