Ципрас: Ако Скопје се откаже од изјавите дека се единствени потомци на Александар, би можеле да најдеме решение за името

by Фокус

Грчкиот премиер Алексис Ципрас очекува позитивни случувања во однос на прашањето со Македонија во 2018 година доколку, како што вели тој, земјава одлучи да направи позитивни чекори напред.

-Ако тие се откажат од реториката и изјавите дека се тие единствените потомци на Александар Македонски и од своите иредентистички тврдења, тогаш можеби и би можеле да најдеме некое заедничко решение – рече Ципрас.

Тој додаде дека во таков случај тој ќе бил првиот кој ќе ја гарантира европската перспектива, безбедност и сигурност на соседната земја.

-Ние сакаме да направиме иднина во која сите мирно заедно ќе живееме и ќе соработуваме. Тоа што не дели е помало и го има помалку во однос на тоа што не соединува – истакна грчкиот премиер на средбата во Белград со премиерите на Србија, Бугарија и Романија.

Поврзани новости