Централно собрание на ДПА

by fokus 10:55
10:55

Демократската партија на Албанците (ДПА) денеска ќе има централно собрание на кое во поширок состав ќе дискутираат за извештајот од предвремените парламентарни избори. Состанокот ќе се одржи во општина Тетово од 12 часот.

Неофицијално, на состанокот ќе се расправа и најверојатно ќе се закаже терминот за вонредниот конгрес на ДПА, на кој партијата треба да избере нов претседател. Досегашниот лидер, Мендух Тачи во декември, по изборите си поднесе оставка. ДПА на предвремените парламентарни избори освои две пратенички места.

Поврзани новости